Екзлузивно само во Скопје Од 22-27 јули 2024

Фудбалски таленти од Македонија, оваа е ваша единствена и екслузивна можност, за да стекнете искуство и едукација од врвни тренери на шпанската методологија на тренирање. Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот. Избраните млади фудбалери, ќе имаат можност нивните квалитети да ги покажат во големите шпански тимови како што се: - Барселона, Мајорка, Жирона и други тимови. Секој талент е добредојден за да го доживее најсовршеното ниво и методи на работа. Секој тренинг ќе ви биде незаборавен момент во вашиот живот. Тренинзите и кампот ќе се одржуваат во Скопје, стадионот на Фортуна и во спортскиот комплекс “ER7”, во н.м Сингелиќ.